себе (зам.) - ќе (чест.)

Ете шо направи и нам и за себе ќе си а сторе негде липата, ја некој аероплани ќе го смачкаат негде. Море за леб ќе пцовиса, та остави друго!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Општината од север, од кај Џокоските, ќе биде заградена со висок ѕид, а општината и училиштето меѓу себе ќе бидат разделени со исто така висок ѕид - еве го и тој ѕид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— А велиш, по две лири за мартинка и по лира за кокинка ќе дадат? — поомекна Раиф и веќе си замисли педесетина лирички во ќесето за продадените педесетина мартинки, што ќе ги купи од Остречани по лира, а Митре ќе му ги плати по две, та дури и во таа „трговија" ја виде и помошта на валијата и падишахот, оти христијаните сами меѓу себе ќе си ги вадат очите и ќе се тепаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако не дадат, нема да се кокорат кај мариовките, — го убедува Митре Раифа и уште на кинисување завитка две мартинки во сакмата и му ги товари на куцото магаре, та ги однесе во Градешница.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
108. Затоа, имајќи предвид оти новото течење само од себе ќе расте, треба да се разгледа прашањето дали комитетите ќе се борат со него или пак ќе го поддржуваат?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Има мигови, значи, кога нема што да се каже па наместо тоа, низ празната линија на телефонот, го слушаме својот молк кој јасно нè поучува: исто како и небото - дека и земјата врз себе ќе ја носиме... * * * Тој веќе му се радува на светиот оган кој ги спепелува сите сеќавања, ги осмислува сите бегства и во прегратка со пламенот постапно ги распознава сите мисли и зборови кои кажуваа дека има час во кој веќе ништо друго не може да се случи - освен да се догори.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Камо ли да дојди што поскоро тоа време, тој час кога од себе ќе ги истресите овие вошливи блузи и панталони и ќе е облечете како што им личи на девојки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ќе се врти, ќе се тркала и под себе ќе собира, ќе гази, ќе згмечува...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пукаа по повеќе одеднаш од што прво под себе ќе почувствуваа тресок, а потоа наидуваше некој татнеж што како облак што оди и по земја ги заплиснуваше, одминувајќи и јачејќи во ехо некаде по планињето зад нив и под езерото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да бидам потполно сигурна во себе ќе мора утре да посетам и гинеколог. И тоа без никакво одложување“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чинам дека кога сината точка што веќе ширејќи се наидува кон мене, кога ќе увиди каков уништувачки страв доживувам, ќе ми се смилува, ќе застане недообличена во она што ми го носи и , или ќе го смени правецот, или во себе ќе пројави некаква белина од чија пријатност ќе се затоплам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако не умре, тој сам од себе ќе знае што е шиканирање.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Огнот ќе си го земаше она што беше одредено и самиот од себе ќе згаснеше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе стигнеа во некоја замрачена селска куќа и тој од себе ќе почнеше да ги отфрла слоевите на униформата, како зелка што се лупи од надворешните скапани лисја, секогаш се изненадуваше од белината и од топлината на телото што ќе се појавеше најздола.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
А, во себе ќе ги вртиш лентите од спомени и ќе се прашуваш: „Како ли ѝ беше името... како се викаше?“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас сметам дека македонскиот народ во ваква сегашна положба не може да се ослободи со едно востание, кое, се знае, против себе ќе ја има не само Турција туку и Европа, а да не зборуваме за балканските држави.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Сам со себе ќе се изедам! (се слуша јако и непрекинато чукање на портата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
-Ух, сам себе ќе се изедам!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тој е столар. Јас сум декоратер.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не заебавај - окара Ристе Блажевски. – Сандак за себе ќе нарачам кај Кире Маџунката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мамо, - ѝ реков значајно, - решив: двете ќе му ги препуштам нему, а за себе ќе ја задржам само Снеже.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој економски неред, со сето она што со себе ќе донесе во форма на социјални и културни нереди (сѐ поголемата невработеност во планетарни размери), неминовно ќе предизвика последици од кои денес допрва ги забележуваме првите сериозни ефекти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Само заземи ја положбата на неактивност и сите нешта сами по себе ќе се преобразат.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Не барав ништо од него, барем само љубов да ми пружеше, да ме побараше, да ми го исполнеше животот со убави зборови, да ми ја надоместеше загубената мајчина љубов, да не ме понижуваше и мене и себе, да не слушнев никогаш дека ме заменил со друга жена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Јас за возврат целата љубов што ја имав во себе ќе му ја подарев.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)