Не ги ставаме ли често некаде затоа што ни се чини дека едноставно таму припаѓаат, како нашите сувенири и сентиментални предмети да се организираат себеси низ нас?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
И додека канцерозните клетки на „медитациите“ бавно го убиваат пивтиестото месо на (не)стварноста, иднината е само низа на трошни црвоточни денови, а сегашноста полузадушено се превиткува во пајаковата мрежа на минатото, јас останувам да плутам внатре себеси низ правливите патеки на ништото, отсликувајќи ја бескрајната космичка празнина.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Согледувањето на самиот себеси низ времињата кои минале, но и низ оние кои допрва ќе дојдат, не е одлачено од стравот кој самиот себеси се тегне низ стиховите како товар и како сенка.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)