Затоа измислуваше секакви начини не само да не ја викаат туку и да не ја пишуваат така; во тоа ѝ појдоа на рака невремињата што дојдоа и честите преселби; па така, додека се симнуваа од планинското село и одеа од едно место во друго, на Дуде и успеа кога слегоа в град да се запише на училиште под друго, всушност малку изменето име, изговарајќи се дека крштелното ѝ е изгорено во војната.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Значи, луѓето ќе се обидуваат на секаков начин да ја контролираат.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Речиси немаше час да не го дигне од местото, да не го распрашува, да го тормози на секаков начин.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)