На радиото одеше „Expressway to Your Heart”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Изгледа дека тоа го исплаши колку и нас - толку се збуни што му го даде пиштолот на Патрик - а овој, како и секое дете на цвеќето, рече: „Мене ова не ми треба, човеку”, и му го врати револверот.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тогаш типот извлече женска шапка од џебот и ја стави на мојата глава.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Имаше основа да верува во нејзиното постоење и од распространетоста на приказните, според кои многу оружје од годините на војната, кога секое дете можело да дојде до пушка, останало скриено во планината, по колибите и по старите, шупливи буки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Хрватскиот претседател носи бели сакоа како и Тито (убеден дека ги носи како Европа); им дели на децата праски од својата градина (Тито од своите градини им праќаше на југословенските деца кошнички со мандарини); го бакнува, го штипка за образите и го крева во вис (секако, пред телевизиските камери) секое дете што ќе му се најде на патот (и Тито со задоволство ги цмакаше децата).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сега со години талка сам низ полето и ги собира стакленцата од очилата на детето некогаш што седеше во првата клупа и кое најубаво ја кажуваше песната: кога е војна – секое дете е јаболко расечено на две половини кон земјата зелена кон небото – црвена.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сега, откако го зедовме тој ојлот од Ираки, кај нас во Америка и секое дете има свој чопер.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зашто, во повикувањето на емоциите на возрасниот гледач, секоја сцена ја преодигрува поделената лојалност со која првобитно се одликувала борбата на геј-детето (или, можеби, борбата на секое дете) за љубов и признание, неговите истовремени напори да биде спонтаниот предмет на мајчиното внимание и да има доволна моќ врз неа за да го наложи тоа внимание.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А тоа е сосема логично.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На секое дете за цел ден ни делеа по едно ‘ржано пешниче леб, големо како две тупаници, по една лажица шеќер, а во големиот казан, за ручек, скоро секој ден вареа надолж посечени компири зачинети со брашно и многу црвен благ пипер.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Така зборуваше брат ми Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Целиот свој живот преку своите дела брат ми се обидуваше да докаже дека есенцијата на човековиот род е вината: секој беше виновник, затоа што секој некогаш бил дете, а секое дете во натпреварот за љубовта на својата мајка ја посакало смртта на својот противник - таткото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Но, и таа била гладна. За да не оштети некое од децата, одлучила од секое дете да земе по половина јајце: од деветина по половина“.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, сега секое дете компјутер има игри игра и пишува, нема зима...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Со метод на микроорганизирање секое дете го прати, но и цел клас знае и лесно ќе сфати децата се радуваат, со новиот систем се знае пеејќи на глас што долго во иднина ќе трае.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Вечерта секое дете беше си казало по дома оти Најденко од гемиџијата имало ѕвезда на чело.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Го донесол гемиџијата Најден пред татка си и беше му се поклонило како на цар што треба; бидејќи гологлао било, ѕвездата беше болснала во очите на царскио син, ина сами стар цар.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Се колнам, за цело време тој не го слушаше говорот, аплаузите и сите Други брливи работи што го заслепуваат човека, со жедни очи гледаше само во нас, во секое дете.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во една таква општа тежина најпосле доживеавме нешто за што секое дете дотогаш секојдневно сонуваше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тој страв што влегол во секое дете, во секој предмет.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Браче Трајко едно бара, браче Илко друго, мажот Стојо трето, а секое дете си го сака своето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
У меѓувреме, секое дете додека не напуни 18 години мора да прима дечји додаток од 360$ месечно.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Секое дете држеше по еден голем змеј од хартија, а лицата им блескаа во очекување и животна радост.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Веќе секое дете од улицата знае за него.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Денес постојат неброени играчки што можат да му го исполнат времето на секое дете.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Џуџето извади од неговиот голме џеб едно шише слично на она со виолетова течност, но ова беше полно со смарагдно-зелена, и му подаваше на секое дете да се напие.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)