Куќите расфрлани насекаде без ред, односно беа изградени таму каде што се нашло малку рамно земјиште, низ удолнините и угорнините, но како целина селото со големите камени куќи беше глетка што при секое доаѓање во него ти предизвикува неповторливи чувства на восхит, убавина, исполнетост...
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Со секое доаѓање во шест попладне, кога ми почнуваше смената имав посебен ритуал.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со секое доаѓање в село, Богдан забележуваше промени на неа: забележуваше како телото сè повеќе ѝ најадрува, сè повеќе облините ѝ се испакнуваат, сè повеќе ѓаволесто и заводливо го гледа и сè повеќе го следи каде оди и не го пушта да шета сам.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Стана дури и вообичаено при секое доаѓање шумарот да им разнесува леб на колибарите, а тие да испраќаат со џипот во село качиња со сирење и канти со млеко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)