Имаше такви луѓе во Гнездо: лежеа на креветите, а насмевка им трепереше на усните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ако се споредам со тетка ти, која е „покревка“, „понеспособна“, а на која маж ѝ и децата ѝ ја исполнуваат секоја желба, гледам колку погрешно сум се поставила кон вас.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Всушност, од деконструкционистичката позиција, преведувањето се согледува како активност која постојано ја притајува присутноста и ја попречува секоја желба.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
За парите не ми е жал. Секоја желба и авантура се плаќа.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Тој, пак, што ќе ја спознае, ќе добие награда. Ќе му биде исполнета секоја желба. ***
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Има луѓе кои не можат да ја поднесат болната реалност, и се вовираат во еден потполно измислен свет, се губат во својот внатрешен сон во кој острицата на сечилото на болката не само што е затапена, туку сечилото е во потполност стопено; се губат во внатрешен сон во кој трепери остварувањето на секоја желба, а и желбите се разлеваат, или се стеснуваат до една единствена точка – да бидат во блажено мирување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)