Со секое кревање на ногата креваше уште две-три кила тежина.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А ваму и децата уште ненаизгледани цртани филмови знаат дека секое кревање кога тогаш завршува со струполување.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Истовремено како да гледав како горниот дел на телото на минувачот му се веднува напред при секое ново спуштање на стапалото и како го исправа и го завалува назад при секое кревање на ногата пред да го направи следниот чекор.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Залудноста на овој долг марш низ снегот, студенилото на зимата околу него, безнадежноста на оружјето со кое беше натоварен и, на крај, самотијата среде шумата – сите овие чувства како сега одеднаш да му отворија некаква дупка во душата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)