Некои девојки од своите мајки дознаваа, само неколку часови пред венчавката, што е она што ќе се случи во првата брачна ноќ.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од раѓањето па до венчавката девојките најчесто беа чувани во потполно незнаење за сексуалноста и можеа само нејасно да ги насетуваат нештата; од дома излегуваа само во придружба на мајките или на некој од повозрасните роднини; од нив се криеше секоја претстава за интимните делови на машкото тело и секоја претстава за интимниот однос.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Театарџиите, пред секоја претстава, си го поставуваат прашањето: Ќе има ли публика?
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
По секоја претстава ѕвонеше дома и безнадежно чекаше Марија да се јави.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
За нив, секоја претстава која изобилува со „смешки“ е добра претстава.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
За мене, публиката е дел од секоја претстава затоа што таа е сценски реалитет кој може и мора да биде подложен на режирање, само што нејзиното сценско функционирање е условено од умешно изработената претстава.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Беше толку загрижен, што заборави да ја нахрани мачката.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)