Со своите текстови во песните сакаше да ги демистифицира и ја користеше секоја прилика да го изрази гневот кон нив.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Ти, која за секоја прилика имаше подготвени одговори, да занемеш, да му дозволиш да замине со погрешна слика и лажна вистина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Ја истуркавме војната, време е да те вдомиме! - како да го слушаше гласот на Серафим, татко ѝ, кој не беше со пушка в раце, но во секоја прилика ги помагаше партизаните.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само Господ знае каде е тој! Ја користи секоја прилика да се искраде од дома.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Организери за визит-картички (секоја картичка во својата пластична куќичка), организери за моливи, за адреси и телефонски броеви, за чекови и пари, за текстови, документи, за секој предмет, за секоја намена, за секоја прилика.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Но беше фрустриран и тоа го наведуваше секоја прилика што ќе му се укажеше со друга жена да ја искористи. Имаше список на фатени жени.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Вистина, Бојан никогаш порано не се нашол во ваква положба, за да знае како мајка му ќе се постави, како ќе го преживува тоа, но сепак беше убеден дека таа цврсто верува во него, верува дури и повеќе одошто е потребно и смета дека нејзиното момче е цврсто, смело, решително и умно, па може насекаде и во секоја прилика да се снајде и да се постави како што треба, знае да ги совлада сите тешкотии.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мајка ми престана да се смее, стана многу сериозна и мирно ми одговори: - Не е неопходно секогаш, и во секоја прилика, безрезервно да ми веруваш, верувај си првенствено себеси.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сè повеќе и жена му ја избегнува, зашто таа постојано, во секоја прилика, му зборува да се оттргне од таа празна, јалова работа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)