секој (зам.) - рака (имн.)

Кога десетте чаши беа донесени, човекот зеде две, по една во секоја рака, и ги испразни со неколку голтки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кај црквата „Св. Димитрија“ ме престигна испотена средновечна жена, која забревтано влечеше по една тешка торба во секоја рака.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
- Седум, а? Во секоја рака по седум чуда на Херкула.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Уште од дете, додека беше целокупен, Мице имаше голем мерак да стане свирач и затоа, секогаш кога за свадба или селска слава ќе дојдеа свирачи, се пикаше меѓу нив со по една клечка во секоја рака, застануваше пред виолинистот и ставајќи ја едната клечка фатена со левата рака под пазува наместо под брада и со другата заструтувајќи преку другата прачка, ги имитираше движењата на кеманџијата и заедно со него ја свиреше и ја пееше песната што свирачите ја свиреа и ја пееја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ги гледам своите колеги, тие испотени патници, како се борат со багажот: во секоја рака по неколку куфери, на лицето им ја читам подготвеноста да земат уште некој.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Оттогаш по цели денови, облечен во бела кошула од домашно платно, со широки ракави и пуштена речиси по глуждовите надолу по нозете и ќурдија од црн шајак без ракави, секогаш со по една клечка во секоја рака, стои на полена каде што би стоеле свирачите кои одамна во Брезница не дошле и постојано како да се готви да засвири.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Влегов во зградата, односно бараката на Меѓуградската.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Доста е! По седум на секоја рака. Ни едната ни другата да не се лути.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)