Нездржливиот порој на будењето ја нишкаше сета шума и таа му се подаваше без помисла за назад, просто како да се водеше со него, испуштајќи ја својата моминска миризба на зелено, вивнувајќи ги сите свои слочови нагоре, до секоја најтенка гранка, во секоја притаена пупка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)