Здивената мајка која, доведена од своето неблагодарно дете до една крајност на чувствувањето, „шекнува“ треба да ја драматизира – да ја мелодраматизира – преломната точка во секоја љубовна врска што, дотогаш, изгледала неизбежна, безусловна, неволева.
Мајчинската врска истовремено е и најневолевиот и најконвенционалниот од сите општествени односи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
По секоја љубовна средба, жената се прекрстуваше, ја бацуваше иконата на Архангел Михајло да ѝ прости и радосна излегуваше на чардакот од куќата и чинеше: Хи-хи-хи, хо-хо-хо, слично на кикарење од кокошка.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Можеби тоа е и она што ја зајакнува склоноста на геј-мажите да се идентификуваат со нејзиниот разулавен лик.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Кога таа врска ќе препукне под притисокот на врховниот напон, исходува отворање простор за непредвидлива возможност и за слобода во секој емоционален и општествен однос – каква што е еротската страст – за чија цврстина како врска и за чиј идентитет како страст дотогаш се сметало дека засекогаш го оттргнуваат од царството на изборното.
Во овој контекст, сцената на судирот мајка-ќерка вбризгува здрава доза стварност; внесува поостро сфаќање на политиката на романтичноста.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Некоја длабока свест за цената на сериозното сфаќање на љубовта, за тиранијата на неиронизираните или трагични романтични улоги, се можеби она што ја обликува и ја објаснува восхитеноста на машката геј-култура од мелодраматичната изведба на Џоан Крафорд на мајчините згрозеност и пркос.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)