сет (зам.) - она (зам.)

Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ништо од сето она што ни се чинеше идеал, свето, апостолско - не остана чисто, неизвалкано...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сѐ друго: модернизмот, постмодернизмот, новата архитектура, уметничкиот експеримент, сето она што отстапува од познатото, а особено џезот („чукање со нозе кое го гази македонското битие“), во овие кружоци се смета за – слабеење на државата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)