си (зам.) - заслужи (гл.)

Изгледа многу ја налутив. - И ја растажи – рече тој.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
БОРИС: Мира! МИРА: Да. БОРИС: Дојди. МИРА: Што сакаш? БОРИС: Тебе. МИРА: Не си заслужил. БОРИС: Како да заслужам?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Си заслужи еден ваков крај, беше голем неранимајко, непокорен, тврда глава, секогаш нешто важен, горд, одвисоко.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Мрмори во себе си а потоа и гласно: „За ова си заслужил - гаде! Многу ја имаш отпуштено опашката.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бев груба со мајка ми, иако си заслужи. Па, сега ми е мака поради тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тогаш учителот и учителката ми рекоа: Милице, па ти си заслужила, убаво учиш и убаво пееш, а гледаш како си ослабнала и си дошла недооздравена.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)