Си се смешкам и си велам: - Море убаво си молчиме ние интелектуалците, си велам и се плашам дури и да си ја чујам сопствената мисла.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Тој ви го подава фишекот и си молчи, барате да ви даде уште еден, тој ви го подава и вториот и повторно молчи, барате да ви даде и трет, тој ви го подава третиот и тогаш ја отвора устата и проговорува: „Немојте да одите на театар, претставата е катастрофа!“
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Јас во категоријата на жени кои секогаш чекаат, домашниот „дозер“ кој опслужува и усреќува некои други перачки на веш и постелнина во машини „Горење“, затоа што така нѐ учеле, си молчев и не прашував.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А во огледалото, што да ви раскажувам, што сѐ се гледа! Ужас еден! Сѐ од лошо -полошо!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ама не велам, оти тоа би звучело многу невоспитано, па си молчам и одвај чекам да ме остават на мира, да си влезам во мојата соба и да застанам пред големото огледало што ми е крај креветот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
„Добро де, ја знаеш, поетска душа“, ја бранеше Мирко - „па и нека зборува, ние си молчиме, уште не сме се расониле.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Танас се замисли. - Што да ти речам! – присторе. – Ако ме слушаш, татко ти вели да си молчиш.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Го надушиле ѓаволите и кога еден ден, додека си молчеше затаен во сламата, некој како гром од ведро небо туку му свика: - Јатак!
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Се чешаат и си молчат. Кај што не можат да се досегнат, се чешаат по вратите, на столовите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Си молчи тој, на друго место се загледал, се зафатил. Може со војските, со фронтот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)