Она што Баба го нарекува „педагошки” и „перформативни” аспекти на наративот на некој начин мора да биде зависно и меѓусебно да си одговара.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
- Требаат дрва, треба храна за добитокот, за кучињата, за мене! - се слушна Бојан себеси како зборува, како сам си одговара на бројните прашања што му се роеја во мислите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На тоа сам си одговарал: - Не веројатно, туку сигурно во далечината имало длабоки пештери долови- резонатори, стени вибратори.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
„За што ли зборуваат, да ми е да знам“ - се прашуваше Маре. „За што, ако не за политика“ - си одговараше Кате.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Е, па, тогаш? - поставуваше прашања и сама си одговараше на нив.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Неколку месеци по разговорот со мојот другар Специјалистот за чудни болести, повторно се „фатив“ како сам си зборувам, како сам си се прашувам и сам на прашањата си одговарам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Пела цел пат нешто ломоти, прашува, сама си одговара додека баба Перса и мајка ѝ само климаат со главите без да испуштат ниеден глас.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Па и да се искуба некак, да избегам, дали не ќе ме проколат тиа шо ќе дојдат?“ — се прашуваше Крсте и сам си одговараше.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)