Ај, ела си вамо ти, мори мрсолка една! Си пораснала голем гаглак, пак ќе ми извикаш тамо.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Се помести, седна до неа и рече: - Си пораснала, чендо...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
СТРИКО КОЉО: Машала, машала! Си пораснала!
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Прво што ми рече кога ме виде беше: - Кај си бе, Гонцо, ама си поцрнела и си пораснала! – Ова ми го кажа на македонски и јас сосема се смирив.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А сега? Сега имам четиринаесет години, и нема човек, ако не ме видел извесно време, да не рече зачудено: „Леле, Бреза, колкава си пораснала, голема девојка си станала”, и да не ме одмери од глава до пети, загледувајќи се во мене како да сум осмо светско чудо.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ми доаѓа на таквите да им речам, што сте зинале бре, што има толку интересно да се гледа на мене?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Кажи и нешто на англиски, да те чуеме што си поднаучил – се шегуваше татко ми и сите тројца го гушкавме и го бакнувавме на аеродромот, што се вели уште – неслезен од авионот.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мислам на она: малку полтрон, малку повторувач на туѓи зборови, малку мавтач со главата, и гледаш, си пораснал па можеш да погледнеш и преку главата на највисокиот пред себе...
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Си пораснал, сине, - рече мама.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
- О, колку си пораснал, Зоки мој златен! – рече и баба.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)