си (зам.) - дека (сврз.)

Хејс: Поентата на ова е дека ако Серл, во неговата соба или со неговата огромна меморија, само поминува низ овие правила свесно, велејќи си дека ова е досадна работа и чудејќи се заради што е сето тоа, останувајќи притоа човек, тогаш јас би тврдел дека тој всушност не ја имплементира програмата, а ако програмата не се извршува, недостатокот од разбирање, доколку постои, не е од никакво значење за нашата компјутационалистичка позиција.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Немаше ништо навредливо во тоа што се пошегува себе си дека подивеал.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Значи, имаме десет стапчиња. Замислете си дека тоа се стебла во некоја голема шума, а секој од вас е дрварче и ќе кутнува едно по едно.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Тогаш спомни си дека не се родил маж што да ѝ се потсмева на Хуајко.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Сигурен ли си дека запамети сѐ?“ „ Да.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мишко не можеше да издржи а да не му каже на брата си дека чичо Никола отепал лисица.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)