Однадвор веројатно допираше месечината, крем и зелена боја, и меките стогови на следните мириси: смирна, што дождот ја изнудил од дрвјата на булеварот; некои еротски видови бензин, кој придвижува одредени видови автомобили; сиот зеленчук од задишаното тло; наивната продорност на улицата; внатрешните мистерии на жените; и бесшумните пушкарања на стравот.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Сите цвеќиња и сиот зеленчук очевидно изгледаа среќни и задоволни што беа во градините за кои се грижеше Кети, зад заштитните ѕидови од тули и живите огради, а не беа изложени на издувните гасови и испарувања од камионите.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)