Бездруго испитува некој од богатите солунски Евреи кого неговите асистенти го обработуваат и му искамчуваат скапоцености и го пуштаат, обично сиот крвав, да оди дома, поразен, понижен, уплашен и празен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Самјакот, сиот крвав по целата страна на левото бедро, сега се судруваше очи в очи, и тоа беше страшно, но беше и право.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го прогонеа, грачеа, го клукаа и не го оставија додека тој, сиот крвав и искинат, не се простре на земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја гледаше, сета крвава, исплашена и мирна и ја пожали заради тој мир.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој сака елегантни пристапи. Додуша и елегантни работи.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)