Но, денешниот ден е голем за сето село, ако не и за сето наше Мариово.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тргнавме на пат ова животно, коешто е предмет на сето наше обожување, да го спасиме од толпата.”
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ете, сето наше либерално општество немаше да биде ниту возможно ниту вака убаво да не им бараше душичката на тие девојчиња, Господ здравје да им даде ако се уште живи!
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Денешнава ноќ мене многу повеќе ме возбудува, отколку сиот наш вчерашен живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Јас вас до денеска не сум ве видел ни во некое село ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник го шетав сиот наш вилает и по села и по градови; арно ама нигдека како вас Човек не сум видел.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ви се молам, стриче ле, ако не ми кажиш од кај ме знаиш?
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Јас вам до денеска не сум ве видел ни во некое село, ни пак во некој град; летово јас со еден дуовник шетав сиот наш виљает и по села и по градои; арно ама нигдека како вас чоек не сум видел.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, сиот наш сон.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Време е да им се довериме, да се отвориме пред децата, да им го кажеме сето наше минато.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)