- И баба ми и тетките се многу добри. Сите роднини многу ме сакаат.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И поздрав до Ѕвездана и до сите роднини што ќе прашаат...
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На сите роднини и пријатели ќе им чини чест што имале таков роднина и пријател”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ги знаеш сите муабети, сите роднини и пријатели, неопходна си до толку што и прегорените светилки „машки“ им ги менуваш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
СТЕВО: Во ресторан ми е послатко. (Пауза.) И нема да бидам тука за вечера. (Пауза.) Знам дека е слава, знам дека ќе дојдат сите роднини, комшии и пријатели.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Бисера даде „проводиа" половина лира и ја однесе бовчата во земникот да им ја покажува утре другиден на сите роднини и пријателки, што ќе дојдат на честење.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)