Дали е доволно тие само да се дискутираат во кулоарите на научните конференции, на страниците на дневниот печат или, пак, мора гласно да се ‘ѕвони на сите ѕвона’? 8 А дека мора гласно, одлучно и со сите сили и средства да „ѕвониме на сите ѕвона“ ни укажува и фактот дека овој болен синдром, од канцерогена [малигна] провиниенција, е дијагностициран и кај нас во Македонија – кадешто, во сферата на трудовото право, погледнато од еден аксиолошки дискурс, дополнително цути и енормна правна инфлација (презаситеност на системот од прекумерно правно нормирање – претежно со лоши, од номотехнички аспект неконзистентни и конфузни закони), како и правна несигурност (еродирање, со текот на времето, на веќе еднаш здобиените и стекнати права од работен однос).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)