Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и западни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Партизан“ го нарекоа киното кое се прочу не толку по прикажувањето на советските воени филмови, туку по тоа што тука Захаријадис од сите источни земји собра свои поклоници и ја формира народно – ослободителната и револуционерна организација на Славомакедонците и ја нарече ИЛИНДЕН.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)