сите (зам.) - тежок (прид.)

Чанга не можеше да одреди каде цели татко, замислено трагајќи по директната врска помеѓу козите и балканските јаничари, па рече, повеќе за себе: – И во сите тешки времиња на Балканот козите секогаш биле со луѓето? – Да – прифати татко ми – козите биле со луѓето во сите тешки времиња на Балканот, пошироко во земјите на Средоземното Море, на Балканот и Далечниот Исток.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оттаму, од нејзината могила, таа ќе ја гледа куќата во која ги поминала сите тешки и сите среќни години, како и најголемиот дел од патот, оној единствен пат по кој во една далечна ноќ се качуваше кон ѕвездите и кон планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Орде беше најголем, па, иако слаб и недораснат, мораше да се нагрби со сите тешки селски работи.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
По тој ист пат нејзините мисли и понатаму непречено ќе слегуваат кон полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)