сѐ (зам.) - може (гл.)

- Можам, како не! Мене не ми треба потркепа од друг, јас сѐ можам сама. –отсечно ќе речеше.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Во тие неизвесни времиња, кога сѐ можеше да се измени, да се измеша, како ова мигум наоблачено време на планината, кога лесно можеше да се фрли и да зарти семето на раздорот во заедничката душа на луѓето, да дојде директива од „другото небо”, па сѐ да измени, да зацрни, белата зрачна ведрина на Чанга им остануваше како последна надеж на луѓето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
А сѐ можеше да биде поинаку.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Колку тој човек во основа е невешт: не умее да се престрои иако знае дека продолжувањето по истата линијата ќе биде штетно и болно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Си! ... си! ... Уште малку... Ми! ми! ... Ре! Сѐ може да се среди! ... Па „arpeggio“ на лево! ... Па десната која се орасположува... Си диез! ... По ѓаволите!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
За него сѐ имаше душа и сѐ можеше да му биде соговорник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Без сѐ можеш, ама без суфлер?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сликата за поезијата има една посебна функција: се чини дека во изразниот комплекс најсилно од сѐ може да ја одрази имагинацијата на поетот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сѐ може да помине“, вели тој. Секогаш е премногу лесно да се редуцира Фаерабенд на збирштина од срамни говоркања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според Фаерабенд, нема објективни стандарди со кои може да се востанови вистина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Главатарот рече: - Може. Кај нас сѐ може.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
- Овој Карамба-Барамба не е нацртан на бел ѕид и навистина имаше сенка.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Беше воодушевена од тоа како сѐ можеше да се најде на вистинското место.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислев дека со него сѐ можам, сѐ, што и да посакам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Сѐ може да биде, почнува тој и пред да го крене шишенцето без брзање се крсти.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Мене господ ме остави, велам, а човекот бил амбар, сѐ можел да собере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На сѐ можеше повеќе да се мисли, одошто на една толку убава градба во оддалечениот и пуст крај.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од околните села изнадојде многу народ да го види мостот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Не смеј ме, Леме, - рече Кејтеновиот син, - не прави се поумен отколку што си, не прави се дека сѐ можеше да знаеш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ беше лесно, освен.. ! Сѐ може да биде вистина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Крчо сѐ можеше да поднесе, сѐ, само овие опомени никако не сакаше да му се меткаат во умот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нели, сѐ може да се добие, само ако имаме доволно пари!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Што сѐ може да стори од својот сакан млад човек некоја Ана!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нели, од сѐ може да се направи приказна, и секоја приказна содржи многу можности за да се престори живот?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Обично носам хигиенски чаршафи за кината - помисли само кој сѐ можел да седи пред тебе на седиштетето, и колку пати, и каков вид на некоја ужасно гнојна бактерија мора да се наоѓа во сите оние древни капки од карамела и кока кола и пуканки со путер - но не сакав да помислиш дека сум настрана или така нешто на првиот состанок, такашто не ги понесов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во тие моменти мислев дека сѐ може да се реши со разговор. Сѐ правевме заедно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)