сѐ (зам.) - од (предл.)

И само малку е потребно за да затрепери сѐ во мене, за да го чувствувам мигот, Би можела да умрам и повторно да се родам, и да доживеам сѐ од почеток.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Механичкиот балет на сликарот Fernand Leger беше инспириран пред сѐ од едноставните машини, оние на Epstein и Gremillon.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Бугарите собираа сѐ од селото, го земаа дури и сеното, си ги хранеа коњите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Често му доаѓаат вакви штурости. Тоа е сѐ од умор и раздразнетост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Најмногу ме нервира мојата коса.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А во огледалото, што да ви раскажувам, што сѐ се гледа! Ужас еден! Сѐ од лошо -полошо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се разголуваме така, сѐ од нас фрламе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И наеднаш се најдоа, тука, тие две суштества, стоеја сосема присутни, со сѐ од себе во овој миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
33. ОГАН И БАРУТ НА ЕДНО МЕСТО СМЕ КЛАЛЕ - кој во тоа не ги гледа мажот и жената лично, и не сакајќи тие некогаш сѐ од себе би дале да стекнат својство на такви експлозии слично...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Си припомнив за баба ми, дамна упокоена, за нејзините кажувања: - Тоа, Ѕвездо моја, Дедо Боже си ги тресе перниците - сѐ од бели пердувчиња од бели гулабици... и одеднаш сетив некаква милина, па сум се втурнала во домаќинот мој, небаре во него сакам да се засолнам...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Можеме да го замислиме стариот Критјанин кој љуби кајсија и извикува: „Збогум, мили кајсии!“ ; киви: „Ви благодарам, дебелички кивии!“ ; круша: „Слатки круши, евхаристо!“ ; потоа капинка, а сѐ уште е на буквата К, откако претходно бакнал сѐ од ананас до јаболко и допрва му претстои патот од лубеница до зукини.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Наеднаш сите знаеја сѐ од нивниот шепот раснеше боцкава прикаска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој рече дека ја видел таа сенка на ѕвер или на арамија: бегала кон нагорнината на ридот зад урнатиот манастир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ од почетокот. Како Калешата и девојката со маргаритките. Сам... Сѐ од почетокот!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
2. Работно време а) Со носењето на ЗРО (1993) полното работното време од претходните 42 се скрати на вкупно 40 работни часа седмично (чл. 30, ЗРО/93); а дојде до намалување на минимум 30 часа, наместо поранешните 32, кај работното време на работниците кои работат на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи (чл. 32, ЗРО/93); б) ЗРО (1993) воведе промени и кај постоечката листа на т.н. особено тешки работи: од една страна, од оваа листа беше изоставена работата во атмосфера загадена со отровни гасови и отровен прав; а, од друга страна, оваа листа беше дополнета со неколку нови „тешки работи“, пред сѐ од областа на културата – како, на пример: балетски 16.  Како, на пример, во: глава IV.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тука земјата беше многу солена и црна Зашто сѐ од изворот што ќе потечеше Суша ги цицаше и жед.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
„Том, тоа треба да се стори со омраза. Омраза за сѐ од минатото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)