Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зголеми го растојанието, пламни
од долгото гледање во истиот свет, овој свет
од беглиот допир со стварноста
- од нејзината развратност, од нејзината понорност
од таа скривница во сударот со измисленото
од таа родна куќа, тој нерешлив спор
меѓу сонот и јавето –
побегни толку далеку што да истинеш од желба
да се вратиш, оддалечи се толку многу
што да немаш кога, што да немаш младост
да се вратиш.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)