таа (зам.) - таинствен (прид.)

Поетичните Хиндуси веруваа дека универзумот е приспивен танц на илузијата (maya).
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш ги палевме цигарите и во таа таинствена мала просторија долго разговаравме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Одамна сум сакал да сфатам што точно значи таа таинствена заповедност – каква смисла би имало да се тврди дека постои правилен начин да се биде геј, начин што треба да го изучат дури (или особено) самите геј- мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Насредина на нивата глинена чинија. Во неа има само толчен лук, сол и вода, а жетварите сркаат од неа, мешајќи ја таа таинствена течна храна со црн пченичен леб, за да ја победат жегата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И токму затоа што не го разбира можеби во него се крие таа таинствена невидлива и сеопфатна моќ, сила која вдахнува, влева вера и доверба, окуражува, исполнува со смирување и остава надеж....
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Најпосле ја најдов и таа таинствена - инспирација.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Што се случуваше зад таа таинствена маска, зад таа смрзната и постојана намуртеност?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тимоти Лири ВЕЧНА ФИЛОЗОФИЈА НА ХАОСОТ Во овие илјадници години стана очигледно дека основна природа на универзумот е екстремната комплексност, необјаснивиот неред - таа таинствена, заплеткана величина популарно позната како Хаос.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)