Иако драмата „Вештерка со избушен јазик“ страда од одредени слабости (малку се повторува, малку драматуршки шлајфува, малку премногу има содомија во недостиг на подлабока фантазија), таа сепак и пред сѐ е една автентична поп-драма, доволно снажна и експресивна за да засени 95% од јаловата македонска книжевна продукција.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Овој пат донесуваме една драма (сценарио?) која покомплексно го претставува творештвото на овој култен човек на кумановскиот и македонски андерграунд.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ваквото дружење подоцна прерасна во еден вид живеење или поточно игра, како што реков веќе, во која не вложував ништо а таа сепак ми ја поттикнуваше самодовербата и ги збогатуваше доживувањата што ми недостигаа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив: дали е воопшто потребно да нагласувам дека тие разговори, игри, необични настани, (не знам уште како да ги наречам), не беа изведувани само еднаш?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)