Каде сѐ не прашувал каде може да се купи таков, жолт путер (каква чудна тавтологија, рече, но вистинита е, и неопходна да се опише токму тој путер); низ годините, по сите градови, по целиот свет, барал таков путер; путерот му станал опсесија, еден вид пасија; но никогаш и никаде не сретнал таква боја и таков мирис.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Шумеше во потсвеста зрелата `рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше под маглата од која испловуваа меки кадри со исто таква боја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Шумеше во потсвеста зрелата 'рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше во магла од која испливуваа меки кадри со исто таква боја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јас таква боја добивам само кога сум на летување и откако ќе се печам на плажа повеќе денови, а на Игбал тоа очигледно му беше неговата природна боја.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)