таков (зам.) - миг (имн.)

Молчеше. Очекуваше, како и секогаш во такви мигови, тој прв да започне.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само во таквите мигови, кога мислата не можеше да го најде излезот, ѝ се препушташе на фаталноста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И во такви мигови очај предизвикан од непокорот на книгите наредени според неговата волја, но едновремено од некакво внатрешно задоволство кое само тој би можел да го почувствува, Климент Камилски појде кон нашата куќа крај реката да се сретне со Татко прв пат по неговото враќање од Париз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак никогаш не успеав да ја започнам плетката со конецот на разумот и со конецот на страста и тоа сега го чувствувам како свој пораз што потајно тлеел еднаш под допирот на зборот, другпат под допирот на телото, на кои секогаш реагирав различно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И во таквите мигови, кога ослободена од железните рамки на предрасудите ќе се почувствував поинаква, а сепак длабоко во себе своја, со најсвое јас, се спознавав: бев Ема единствена и неделива, туѓа и одвратна за оние што не можеа да ме разберат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во таквите мигови сврти се кон големите и сериозни нешта, пред кои тој станува или мал и беспомошен, или напротив, добива на сила, прераснувајќи во релевантна алатка за формирање и изразување на твојот светоглед.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Убавината што доаѓа одникаде, одвнатре и однадвор, и во таквите мигови те понесува како порој.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, јас знам еден човек кој и во такви мигови, својата мисла, својот израз на лицето не го споделува со другите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Турчинот во таков миг за коњот би рекол дека е лумонтуз-табиет.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сакам да прикажувам под окоп на темница човековиот глас во такви мигови е поспокоен, повпечатлив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во таков миг лицата, самиоте од себе, стануваат строго разумни, чиниш грижата во очите им еза она штп ќе дојде утре или малку подоцна, еднаш; течат низ времето но пред да ги нема оставаат трага за себе, едни темна и проклета зла, други поинаква, таква некаква поради која за добро се споменуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во секој случај, она со што си имаме работа во сцените од Милдред Пирс и од Најмила мамичке не е терористичката моќ на машкото заплашување и доминирање, туку моќ на жртвата која веќе нема да трпи и која се враќа триумфално, „ранета и доминантна“, да им се спротивстави на своите прогонители со сета силина на својата болка.294 Кога би можело задеваното и тормозено настрано дете, втерано онаму в ќош на игралиштето, или кога само би можел злоставуваниот љубовник, предаден и измалтретиран од дечкото, да ги смогне и да ги канализира таа праведничка, победоносна јарост, жестината и гламурот на Џоан Крафорд, можеби би нашол во себе смелост, сила и сигурност да го возврати ударот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Наречете го тоа моќ на хистеријата или наречете го востание на абјектните, наречете го дури и феминистички гнев: можеби сите тие се различни имиња на едно и исто нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Возможни биле, всушност, такви мигови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во таквите мигови погледот на Шабтај ќе се сретнеше со погледот на снаа му, а потоа, за да не го открие сосем и докрај она што се знаеше, брзо-брзо ќе отшеташе до внучето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имавме такви мигови во Сук.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
По еден таков миг, можев да издржам секаква казна.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во еден таков миг, малиот Климоски, едно мирно како бубалка момче, децата и така го викаа Климоски Будалката, толку многу излуде што успеал да скокне дури до врвот на ѕидот, да се обеси со дланките на срчите и тука да остане како во стапица.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чудно е тоа што понекогаш, ете, во еден таков миг и времето ѝ се друго мораше да биде против вашето срце, точно како во приказните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сакам да прикажувам под оклоп на темница, човековиот глас во такви мигови е поспокоен, повпечатлив.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Такви мигови преовладуваа и сега, а на нив се надоврзуваше татковиот пев.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во таквите мигови ја држеше главата во рацете потпирајќи се со лактовите на масата во лабораторијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)