- Простете, госпоѓице, ако ве исплашив. Воопшто немав таква намера.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
За тоа е виновна рецепцијата на моите текстови, но јас немав таква намера.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сите тие беа распоредени од мојата десна страна (освен Ема, која седеше на левата страна од мене, и не можев веќе никако да ја видам како што не можев сега да ги погледнам оние три букви од кои двете крајни извишени и споени со мало и, она НиЕ на средината од пластичната папка на досието што стоеше на десната страна од мене, на масата пред мојот адвокат Стојко Руменов кој лактите ги имаше ставено токму на папката, со лесно спуштени образи во дланките, чекајќи го отворањето на судскиот процес) и сакав во тие мигови, кога сè се одвиваше надвор од мене, да се обидам, со благ засек на сечилото откосо, онака како што јас можев да го направам тоа, да ги расфрлам сите деланки под кои се крие вистината за овие луѓе за да допрам барем дел суштината на која, отплеткувајќи го клопчето, ќе цели судијката, жена од педесетина години со несредена, со бела, како снег бојадисана коса, и со силно нашминкани усни, но истовремено во мене се раѓаше отпор кон таквата намера која требаше да ме врати на почетокот, а јас се плашев и бев преслаб сето тоа повторно да го изживеам на начин како што го живеев дотогаш и затоа ставив црта, и си реков: „Ова е крај.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сега се отвора нова страница во мојот живот како прва страница на роман што можеби некогаш ќе го напишам.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Потоа ми дојде една дури злобна мисла во главата - дека можеби со ова што ја преместив сликата му помогнав, ако тој и без тоа имаше таква намера...да ја премести.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Сега кога мојот татко отворено ми рече дека има таква намера.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Вџашен, без да има таква намера, го закопа погледот во долчето помеѓу нејзините дојки при што таа си ја стави раката на градите, со палецот и показалецот се фати за бисерниот гердан, да се покрие, но некако не криејќи му го задоволството дека знае каде му залутал погледот.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Се знае дека атентаторите немале таква намера.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некои женски ликови кои се икони за геј-мажите им се мошне одбивни на стрејт-жените (почнувајќи од Џоан Крафорд и Бети Дејвис во филмот на Роберт Алдрич од 1962 година Што се случи со Бејби Џејн?).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Патрик Џонсон за една книга за геј-мажите Црнци од амерканскиот Југ.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако бродвејскиот мјузикл може да им биде близок на стрејт-жените на начини на кои не им е близок на стрејт-мажите, иако може да ѝ создава помалку родови неволји на својата хетеросексуална женска публика отколку на хетеросексуалната машка публика353, изгледа дека нема стрејт-женски соодветник на силно самотното, бурно екстатичното, претерано сентиментално детско искуство на мјузиклот што го опишува Д. А. Милер.354 Италијанските вдовици од Фајер Ајленд носат дрег, но не личат на жени, ниту пак имаат таква намера.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Запрашан како реагирале мештанките кога ќе ја виделе Честити (женското алтерего на Чез) в црква или во трговскиот центар или кај лекар, Чез рекол дека знаеле дека не е баш она што изгледало дека е: „Ниедна природна жена... не обрнува толкаво внимание на детали“.352
Истата логика важи за некои од другите тука споменати машки геј-културни практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Уште пред да можам да замавнам со раката мачката престана да ми го гризе увото и замавна со шепата, зафаќајќи ми ја целата лева страна на лицето, од веѓата, преку окото, кое за среќа го затворив, низ образот, сѐ до устата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Но, тој очигледно немаше таква намера.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ќотекот што го изеде Рајна бил со таква намера: да извлече од неа признание дека е извршител на нечија порака!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ништо не ти кажува тоа?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Не збунувајте го детето, Лев Петрович, го моли мајка ми. Немам таква намера, Љуба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)