Меѓутоа, она што ги прави интересни во прв ред е потполната свест дека, иако значењето е лоцирано во дискурсот, а се чита во контекстот, дури ни традиционално сигурниот контекст (високата култура) не е во можност потполно да ги контролира значењето што го „влече со себе“ и значењето од другите контексти. нафф 6 „Нема сомневање дека отпорот на свесното и предсвесното Јас стои во служба на принципот на задоволство, сака да го спречи незадоволството што би било предизвикано со ослободување на потиснатото и нашиот труд оди во таа насока да се издејствува допуштање на таквото незадоволство со повикување на принципот на реалноста.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)