Кршењето на клучалката не би доаѓало предвид зашто вратата е направена од букови талпи, така што таквиот обид не би имал никаква смисла, а железните лостови се вкопани во појасите од ѕидот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Американската јавност, врз основа на информациите од печатот од крајот на 1943 година, во почетокот на 1944 година ја увиде дотогашната заблуда во однос на ситуацијата во Југославија и сите свои симпатии ги стави на страната на НОД и ПО на Југославија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
137. Таквиот обид на Партенија Зографски во 1857-1858 год. беше пречекан со остра реакција од бугарските национални дејци.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Но таквиот обид на Константин Фотиќ и на Борислав Тодоровиќ за повторно актуелизирање на генералот Дража Михаиловиќ во САД повеќе немал никаква основа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но по еден таков обид подолго никому не му паѓаше на памет за слични работи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Дали помислуваат да се пробијат до мене, дали веќе направиле таков обид?
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во отсуството на такви претходни теориски одредби на критичко судирање на различните уметнички концепти и поетики, секој таков обид може да изгледа преамбициозен.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)