таков (зам.) - размислување (имн.)

И тогаш ќе ја извикаше секретарката, ќе побараше кафе, само да се ослободи од таквото размислување.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ни на крај памет не му падна да ја земе предвид можноста за нејзината невиност бидејќи воопшто немаше потреба од такво размислување.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Станува збор за борба против окупаторот. За војна. А не за револуционери. И не за некаква револуција – се трудев да дообјаснам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
На такво размислување ме наведе неодамна видената претстава во еден од нашите театри - презент на македонската театарска уметност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Со таквото размислување, Марија сакаше да го оправда Хелвиг. Да не биде тој виновникот... ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)