таков (зам.) - расположение (имн.)

Со такво расположение Толе ја преседе ноќта по борбата во Полчишта и во зората го дочека и Мише Ќосото, кое оваа ноќ ја проведе со тетка си, и уште неразденето си го јавна коњот со дисагите, полни месо, леб и алва и си ја фати неговата златка Сливина, да си го продолжи својот стар занает — арамилакот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас бев во токму такво расположение кога случајно во кафеаната „Солун“ не најдовме на кафе со Сврделот и со Трифуна Мијакот – Баџата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беше решен да се вгради во таквото расположение за денеска. Извесен обред беше неопходен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во такво расположение Луда Река се слевала над долината за да го нападне недовршениот мост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во такво расположение ја дочекаа и расправата за зборот башибозук, третиот од петте зборови за кои беше задолжен да реферира Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Националните и пропагандните разлики се повлекоа и Комитетот во секој случај не ќе пропушти да го искористи таквото расположение на христијаните.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
— Ќе појдиме ние со Ќосото до кај Папради да ватиме врска со Градешница, а вие денувајте тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)