Тие Македонци што покажаа таква способност во своето национално-политичко организирање, што покажаа такво примерно жртвување на своите интереси во полза на интересите на својата татковина, не со помалечок успех ќе можат да им организираат секакви пречки на националните и религиозните пропаганди што го цепат денеска нашиот народ на делови непријателски еден кон друг.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ако беше точно тоа, ако на цели народи им е дадена таквата способност, тоа ќе беше најголемиот грев на оној кој управува со нас луѓето и со нашата волја, па нека е тој господин и самиот Господ.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Еден од началниците имаше дури и таква способност да ги открива разбудените и на нив со задоволство да покажува.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)