те (зам.) - вика (гл.)

Гоце се упати во канцеларијата, чукна на вратата и влезе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Гоце, те вика директорот! Дојди во канцеларијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Како те викаат, девојко? - праша тој несигурно. - Цана. Таа се исправи, почека еден миг и си тргна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Е, па за тоа те викаме, пиленце.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
До кога ќе делиш правдина?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ти си Марко, но веќе еднаш треба да сфатиш - не си ти Крали Марко со боздоган - иако баба ти те вика Крали Марко!“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
— А како те викаа другар? — Запраша Трајко, восхитувајќи се на убавината и доброто здравје на својот нов другар.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Те викав, Сефедин, те викав и има зошто да те викам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јузбашијата, уште не седнат убаво, го дочитуваше краткото, но јасно писмо од кајмакамот, кое со својата содржина ги вознемири претставителите на султанот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ами тебе ка те викаат? — Ѓорѓи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот се исправи простум. — Ти си Толе Паша шо те викаат?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
ТИНТО: ИМАЛ НЕМАЛ КИНТО ако некој ти викне еј лафе знај дека те вика на кафе срк кафе за бате рафе срк срк и за дада дафе имал немал кинто викни сега едно тинто тинто не срк од финто тоа знае секој пинто в зори нејќе тинто минто в зори сака кафе тинто сака целуф вкус на линто јазик жежок здив на тинто додај млеко чоколадо нека врие и пинтадо сркни троа пред пикадо после меркај нешто младо тури млеко бре енрико капка кафе дон перико седни в кола тико тико трк на кафе рико рико кола цркна служба влече цупкај голтај кафе кон лече машко женско волче мече душка гушка сал кон лече.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
А — пак ти „Будалине“! А сите сме навикнале да те викаме Коте. Од каде да знаеме ние што мислиш!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И, после, ние не сме Бугари та тебе те викаме коте, значи што рече ти: маче; ние сме си луѓе од местово наше — нашинци! И нашински си зборуваме!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Еј, почекај, го чув зад себе нејасниот извик на служителот. - Врати се веднаш. Те вика класниот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
САНЕ: Е, таму. А што мислиш, мајсторе, зошто те вика шефот?
„Го сакате ли Дебиси“ од Лазо Наумовски (1973)
Полицаецот ми го подава писмото и ми вели: - Повели, пак те викаат за борба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
“Затоа ли те викаат стариот добар, доверлив Натан,” рече тој.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Некои луѓе не се враќаат, ама местата можат да ти се повторат, како да те викаат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Не оди кај него, му велам, нека не те лаже, Не те вика тој за играње, му велам, не те води на арно место. Сам нека си игра, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш беше во гнездото на Марија. Таа го праша - Зошто хирургот те вика Отец Симеон?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Влези и речи ѝ: те вика еден поп, Јано.“ „Што ќе ми дадеш ако ја викнам?“ се потргна недоверливо детето од него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кузе ми вели: Милке, сигурно и тебе ќе те викаат, што ќе им кажеш?
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Чичко ми се зачуди: Миле, зошто те викаат да одиш напред, а јас му реков: Само јас знам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Во исто време дојдоа куририте и го викнаа командирот Леко. Тој отиде со некој страв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Како ми те викаат, душичке?“ праша таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле бегот воздивна тешко: „Да ти кажам сега зошто те викав и дека овој долг муабет не беше за бадијала, иако мене не ми беше лесен, да знаеш.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Е па, кардаш, затоа те викав. Си се прочул со своите мелеми за изгорено.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе те викаме отсега Мурат-ага, бива ли така, кадијо ефенди?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
8. Шуми под твоите нозе мртвото лисје од лани не го слушаш се веат над твоето лице надвесените гранки не слушаш од твоите очи занесени ѕвездите светлина пијат и паѓа златниот прав по разбушавените коси ти знаеш те вика само ноќта браната песна што ечи и што ја слушаш сал неа некому да ја речеш и итаат колку ли итаат твоите очи озарени што не го знаат мракот ни тој ги знае нив Очите полни со ѕвезди ја носат пред себе светлината на преболениот стих Побрзај побрзај брзај оваа ноќ е твоја ноќ и песната е новородено дете што не знае да молчи
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
9. Се гласи ноќната шума и попусто вика да запреш ти не слушаш ни каменот го гледаш ни повејот што јакне не слушаш те мами сал ноќта и тие светлината в сон што им иде дур попусто некој те вика и чекорот твој свиден ти не слушаш Час е неречената песна ѕвездите кога ги виши во штамата на светот и притаената мрака што сака под тие светила скришни да ти го згасне летот ти не слушаш Истрел ги собори ѕвездите Самотнику дали го чу И како да го чуеш во итањето во тоа итање убаво на усните со зборот што ги раскрева урнатините на ноќта и во заборав ја истава црната стија на биднината Радост на итањето твое по ранетите лисја по премалениот шум сал муграта твоја ја знае и истрелот само ја чу
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Набргу се враќа внучето на Петра и ѝ кажува на Митра со малку засипнат и преплашен глас Бабо Митро, те вика тета Чана долу, во подрумите!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
— Ќе видиме кој на кого! — и одговори Крчо и побегна долу Црневата улица, за да му стори абер на Шпира, вечер да слезе до кај нив долу. — Татко нешчо те вика, — му рече.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Спиеше ли цело попладне?“ одрежа жена му. „Четири пати те викав, но немаше одговор.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Зарем пак!“ „Бартон? Бартон те вика. Ќе мораш напладне да отидеш во градот за да го поставиш телетронот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Си ја разврза шамијата и полека почна да си ја расплетува долгата и дебела плетенка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе те вика чолакот, ќе те испрашува...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Уште троа деца ни останаа живи... Господе, господе!...“
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Постоја уште малку и тргна напред, небаре оди никаде...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- За Ристо ли да му кажам дека не знам каде ми е детето? Секоја ноќ го сонувам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секоја мисли дека е за неа и секоја стежнува срце пред да ја удри болката.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пандо ја гаси цигарата, се навалува и погледот го заковува во подгниената таванска греда.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Пандо сврте глава и потоа рече: - Тебе ли те викаат? - Мене, - рече Кире.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Кога првпат се сретнаа, Лидија му рече: - Како те викаат?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
„А зошто те викал“, продолжувам да испрашувам. „Донеси еден леѓен топла вода“, вели, „да си ги згреам нозете.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бргу, чорбаџиката те вика. Иј, полека, шлека!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
АРСО: Е, чорбаџи Теодосе, ако те викаат џимрија, има зошто: и на сонцето сенка ќе му најдеш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТРЕТА ПОЈАВА КЕВА, НАЦА И СПИРО
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
КЕВА: Е, да знам дали е време, не би те викала тебе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Адет, па адет! (На Поцко.) Слушај ти... како те викаат...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не сакам во туѓо тенџере сол да турам, ама ќе ти речам, еден збор, чорбаџи Теодосе: оваа девојка е токму за твој Томче.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Бабава ја викаме Цонка, син ми — Аралампија. (Сосем му се приближува.) Го викаме Ампо. А старата моја — Пе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Немој! – предупреди куклата низ шепот – Немој, таа те вика за да те скамени!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
- Кажи, како да те викам?
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
СОЊА: Зошто те вика професоре? БОРИС: Тоа му е ново.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МАТЕЈ: Мамо! СОЊА: Ме вика. БОРИС: Те викал и другпат, па не си доаѓала. (Ја истуркува Соња надвор. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
СИМОН: Викни го. Речи Симон те вика. Тој ми е пријател. Ќе дојде. МИМИ: Не може.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
ДИМИТРИЈА: И како тоа те викаат во последен момент и ти трчаш на прием, а дома имаш празник.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
МИХАЈЛО: Те вика! (Одеднаш ги губи крилата. Султана се враќа назад зад фреската која се затвора, златната позадина се крева горе, сцената е иста како на почетокот.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
А ти, како рече дека те викаат дома? - Циљка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ами ... да те прашам, мајче... Како ли те викаат?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ене го Мишко, ѕирка од зад аголот. - Те викаат дома! - ѝ мавна Мишко со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Зар ќе дојдев да те викам ако не сакав- Брат ми Трпче тогаш на Килета му рече: - Да не сакаше немаше да ги наполни гаќите од радост кога баба ми му рече да дојде да те викне.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Ништо, - рече Методија. - Те вика да ги пријавиш децава. Заедно да сте оделе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Едо се подврати: „Оди, те вика директорот. Ќе заборавев...“ му рече и излезе настојувајќи да оди забрзано, но не многу забрзано.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На Еда му стана незгодно и полугласно му рече на Марка: „Овој тебе те вика!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Истрча пред нив, се сврте, пак ги фрли рацете на грбот, ја исфрли левата нога напред, со десната рака си ја стегна и ја истри китката од дената рака и со заискрени очи, му свика на Марка: „Ме слушал ли ти мене или не? Те вика дежурниот офицер!“ натопорено му рече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тебе ќе те викаат и ќе бараат од тебе да признаеш нешто политички. Ама ти нема да им признаваш.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ако и понатаму останува отворено твоето срце за мене и за моето црно семе, мојата Пелагичка, ќе си ги соберам пљачките и ќе се преселам кај тебе и од сега па до крај ќе те викам мајко Персо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Дадо слушна? Некој од шумата те вика!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не можев да верувам. Некој машки глас од темнината го извикуваше моето име.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)