Лечи многу болести: слабокрвност, скреж, подриг, слабо варење на храната, дава кувет, ја ослободува душата од грижи, од мачнотии и напнатост, од злоќа и с'клет, ти дава сила и волја; во божјите книги се вели: виното е внатрешно сонце: те осветлува и те грее; виното е жив оган споен со жива вода; во „Песна над песните“ се вели: виното е божја љубов, вистина и мудрост; во Книгата на постанокот се вели: виното е дар над сите дарови што господ им го дал на луѓето.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Крупни црни очи како црни цреши, боја на лицето како течно злато, забите бели па насмевката се разлева, кога ја гледаш како сонцето да те грее.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Има една наша поговорка: „Секоја планина своја тежина“ — вие преку лето работате без почивка, а ние пак во Америка секогаш работиме по осум саати во денот, ама во тие осум саати што ќе ги работиш на фабрика, без сонце да те грее, без ветарче да те удри, за секунд да не можеш рацете да ги отпочинеш, умот тука! оти инаку машината ќе ти ги отсече рацете, имаме друга тежина.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Го гледаше и му завидуваше: - Блазе си ти тебе, низ зелени треви и убави цвеќиња патот те води, а златното сонце те грее.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)