Токму кога мислиш дека знаеш сè, повторно те изненадуваат со својата немоќ да бидат објективни и со својата агресивност токму кон оние што навистина сакаат да им помогнат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Дојдовме колку да те видиме и да те изненадиме.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Не знаеш како ќе те затекне, кај ќе те изненади.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И тоа не само заради нејзините големи врски со лекарите туку и поради насмевката што ја искористи за да ми ја завитка веста пред да ми ја предаде. Го знам тоа нејзино умеење.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но признај, информацијава многу ќе те изненадеше ако ја слушнеше од некој друг.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира дека она, за мешето го поверував.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што му е тоа, што му е, пак, сега? Живко можеше секогаш да те изненади, но сега повеќе би очекувал од него да извади од џебот шишенце тоникум за гаргара на грлото. - Не? Ни ти?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На некоја, ете, устата ѝ станала блага, мека, чиниш ѝ тече мед, друга те изненадила со долг и светол поглед, мил, срцето да ти го стопли, чиниш над главата ти се отворило небото, виножито, те гали, о боже, трета пак срамежливо ведне глава кон земјата, се срамува, кротко, како јагне, гледаш ѝ се позашилиле градите.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Чудесно ќе те изненадат, ќе ти го изнаполнат срцето со топол ветар и веќе си сосема друг - гледаш само убави работи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Секој ден, секој час тие сѐ повеќе го разубавуваа животот наоколу, - туку гледаш како цвеќе никнато од под камен ќе те изненадат за чудно чудо.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
„Она што јас го видов“, вели „и тебе ќе те изненади“. „Кого го виде?“ „Ролан“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)