те (зам.) - познае (гл.)

- Ѓавол да те земе, колку си се преправил тептил42) што ни јас не можам да те познаам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ете, ти носам писмо од Перета Тошев. Писмото се наоѓа во поставата на палтово.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Проштевај, не те познав! Многу си се изменил, си се испрашил...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
МАНОИЛ: Не, те познав! Те познав веќе!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Да не те знам од малечок, од пеленаче, сега би те карала, а вака - добро те познавам - и тогаш беше палавиште.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Докторката се насмевна: „Ете ти, сега и херој сака да се прави.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Прашај а неа од каде ме познава, та јас ќе ти кажа и тебе од каде те познавам — одговори Јован Гуров од Витолишта, комшија на Митра, и му ги зеде торбите на Толета, ги внесе во кафето и истрча да ја пречека Митра.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Не те познавам! Јас немам сосетка!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас не верувам да те познаат, оти, и мене да не ми кажеа, и ј ас немаше да те позна.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе се посмеете, убаво ќе се посмеете, ако не те познаат, ние кога ќе дојдеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не кажувај се, да видиме али ќе те познаат.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пак ако те познаат никому ништо!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога по неколку дена се враќав од часови, слушнав некој што ме настигна дека ми се обрнува мене: - Малечка, јас како да те познавам од некаде ...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ќе се сретнете вие уште еднаш, во некој темен тунел и ќе дуваш во свеќата да не те познаат како покриен со картон ја поминуваш ноќта додека шибаат со автомобилот брзајќи да стигнат дома, кај своите деца.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Па јас тебе те познавам, човеку, срдечно рече. - Те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Од кај ме познаваш? праша и отпи малку од чашата. - Те познавам, нема што, те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ако ме познаваш, познавај ме, се согласи човекот. - Тоа мене не ме засегнува. - Не, не... Навистина те познавам.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ами, Неделко Сивески, вели, зар не ме познаваш, Велико? - Леле, Неделко. Неделко Сивески, велам прости дека не те познав.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Уште кравата и магарето, велам јас, и кучето, Чако, што не те позна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Ме позна?“ праша. „Те познав, Марко Проказникот“, му одговори.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не знам, можеби ми рече или така ми се причини тогаш, додека симнат на подот на коленици ги средував цедињата паднати од наткасната, кога над мене го слушнав нејзиниот глас: „Нино, можеби ти не се познаваш ни самиот себе.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми кажа или сакаше да ми каже: “Јас дури сега знам дека не те познавам. Ниту ти мене.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ти, кој што не те познавам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
- Така си се преоблекол што не можев да те познаам.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
– „Лели те довеал ветрот у нашава земја, кај што човек не дошол досега, му рекол, ќе ти кажам од кај те познавам, чунки си имал касмет да се видиш со мене и гостин ќе ми бидеш у мене.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Навистина те познавам – ѝ велам – но многу си далеку.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Овде сум - вели таа – овде сум, но колку што се сеќавам ме немаш предупредено дека напати практикуваш да се прикажуваш и сосема откачен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме сретнува еден мој пријател и ме прашува како си, што правиш, не можам да те познам, од што си ослабел.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Е, море машко, сонам дека сум се престорил штрк. Штрк, ами како...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Влатко, не те познавам таков!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- И покрај тоа што толку години се поминати... Те познав, односно кога те слушнав како зборуваш го препознав твојот глас.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се налутив: - Од каде пак да те познавам?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Да, те познав, зар мислиш дека толку брзо ќе ти го заборавам гласот!?
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Те познавам и тебе. Кога поминував по оваа пруга, секогаш гледав кон твојот прозорец.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Го сретнав вечерва во твоите мисли.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Исто така, ми се чини дека многу добро те познавам и дека ние двајцата одлично се разбираме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Лажеш, лажеш – врескаше тој и ми се закануваше со рака. – Ти ми имаш пребарувано, те познавам јас тебе добро!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Би можел дури и да ги раскажам сите наши разговори што ние двајцата сме ги воделе на нашите средби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не, ама те познавам тебе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)