10. Се довлечка тој некаде од мракот како волк пратен од темната рака на времето и издлаби во тебе длабнатинка црна полна со црвена вода што те поплави А ти не го чу не го чу и како да го чуеш во тоа итање и во таа радост што само иловицата на стиховите ја познава Не го чу не го чу не го чу и никој не те виде
„Елегии за тебе“
од Матеја Матевски
(2009)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)