Наместо во амбис, Божји прегратки те згрнаа, те потсети тој, на недовршени задачи.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Јас те сонив како ангел, како златокрила птица, која лета кон плавите хоризонти на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И ако некогаш во твојот сон, сониш расцутени зумбули, нека те потсетат на нашите пролетни утра, на нашето заедничко време, на нашите часови, во мирисот на зумбулите скриени.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако имаш забрана, повторно можеш да измислиш обврски од типот дополнителни часови по некој предмет и ревносно да ги посетуваш, па кога еднаш нема да излезеш, дури и мајка ти, која ти води евиденција на движење со минутажа, да те потсети дека ќе пропуштиш важно предавање.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ѓ. С.: П. В. користам прилика да те потсетам на ветувањата што ми ги даде дека ќе објавиш моја слика во МАРГИНА.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
„Не е точно!” збесна Профим. „Тој е овде роден... Ако си заборавила, ако ти е сматен умот, можеш да се потсетиш... Можат да те потсетат и фотографииве...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ќе те потсетам на нешто но не е во врска со пораката содржана во овој совет туку со објаснувањата што ги користиш за да го сфатам советот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Произлегува дека планинските беспаќа се некакви последици или резултат на твоите необмислени постапки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
СУЛТАНА: Си заборавил синко. А господ ќе те потсети на сѐ што си заборавил.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Можеби стануваше збор за испратен предзнак кој требаше да те потсети дека и горе во испустениот простор (помеѓу небесното море и твојата насмевка) не е сѐ празно.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Заболекарот бездруго ќе те потсети дека со каква мерка ќе мериш, со таква и ќе ти се мери.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
„Ти не знаеш како е кога си дома сам. Нема кој да те пречека, нема кој да ти принесе да јадеш, дури и да те потсети дека треба да јадеш.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Само толку, да те потсетам.“ „Благодарам.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)