Имаше една точка што ја нарекуваше „Подобра дупка“, ти велам, да се измочаш од смеа.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Знаеш кога дебелото црево ќе те удри со лактот, па внатре ти доаѓа некако ладно, и ти знаеш дека треба да му дадеш луфта?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Нешто ќе се случи: ќе се иселат, ќе те удри кола, од немукает ќе се оддалечите, а ти не си стигнал да ги известиш колку ти е важно вашето истовремено постоење.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)
Кој те удри? - Никој, - одговори Гоце. - Ами што си таков? Гоце молчеше.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Во разговорите со жените, со кои носи муниција и храна и пренесува ранети, а понекогаш ѝ се случувало и да закопува убиени, најчесто се велеше: - Лошата вест сама брзо ќе стигне и ќе те удри тогаш кога најмалку се надеваш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Патем, бате“, рече тој. „Слушам дека оној мој неранимајко те удрил вчера со чатал. Убаво го искарав поради тоа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
- Ти, само ако те удри, или ако не ти дава да јадеш, не на татко ти да му кажуваш, тој веќе е ујдисан со неа, туку на тетка да £ пишеш писмо, па јас кога ќе дојдам ќе £ покажам убаво.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
СВЕТО: Јас би те удрил.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Тоа беше како некој, кој штотуку те удрил со тупаница по нос да те прашува, носот ти крвави од ударот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Пасивно, и се одлепи од ѕидот. Пасиво, биди актива и удри пред да те удрат.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Има една наша поговорка: „Секоја планина своја тежина“ — вие преку лето работате без почивка, а ние пак во Америка секогаш работиме по осум саати во денот, ама во тие осум саати што ќе ги работиш на фабрика, без сонце да те грее, без ветарче да те удри, за секунд да не можеш рацете да ги отпочинеш, умот тука! оти инаку машината ќе ти ги отсече рацете, имаме друга тежина.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Ќе загуби контрола и ќе те удри, и што сме направиле? Да се осакатите можете.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ти, синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно ама ќе дојде саатот, што моиве зборови се по глава ќе те удрат и тогај ќе поверуваш; арно ама што рекол некој: ќе ти дојде умот, ама ќе ти појде кумот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Сам кога ќе се удри човек, некако, како помалку да боли отколку друг кога ќе те удри.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Кога му се доближуваше некој, брзо го извлекуваше и, држејќи го во подигнатата рака и гласно плачејќи, се фалеше: - Бегај! Ќе те удрам, ќе удрам... Најчесто се бранеше плукајќи.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Но есента кон крајот на ноември, кога ни рекоа дека ќе заминеме за Романија, еден ден, попладнето, во големиот двор, што го викавме плоштад, некаде во средината, застана пајтонот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Толку знам сега, Силјане, толку ти велам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Откоа се распознале старио со момчето, му рекол старио на момчето: - Јас те сакам, момче, за наместо син ти да ми бидиш, ама ако легниш ничкум за да те удрам со патерицава три пати што да можам.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Удри старио на вреќата со патерицата, пук сторила, свикало момчето: - Олеле, дедо, не маај толку!
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Коа виде сиромав јазоец оти лисицата сплетка конците, је рече: - Ти, сестро лисо, да се сториш на умрена коа ќе дојди чорбаџијата и тој ќе те удри со клоца по глаа, та ќе те изваи од стапицава и ќе те пласни настрана.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Ти синко, не ме слушаш за ова што те учам сега; арно, ама ќе дојди саатот што мојве зборои сѐ по глаа ќе те удрат и тогај ќе поверуаш; арно, ама што рекол некој: ќе ти дојдит умот, ама ќе ти појдит кумот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
А откако замина брат ѝ, Васе се допре до неа и ѝ рече: - Што врескаш? Тебе ли те удри?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Во светите текстови лудилото е казна ако не се биде послушен на Господа: „Господ ќе те удри со беснило, со слепило и со лудило“ – таква е казната според „Стариот Завет“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Во „Новиот Завет“ лудилото е претставено како опседнатост со зли сили кои треба да бидат истерани од оној кого го запоседнале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Седна на креветот до Ратка и го запраша: - Е, како така да те удри Рогуш?
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Не знаеш од кај ќе те удри, вели, и ни притура ракија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
како ние да не сме го врвеле, ама не бре, кој може да нѐ запре, кога ќе те удри улавата мисла, полоша е од стечена суводолица и не гледа кај врви, што ќе откорне, што ќе забере, а босот уште ни вели, вратете се ако нешто не е о кеј, пак вратете се,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Облак не зборува, си мислам облак може да грми, може со дожд или со град да те удри, ама не зборува, си мислам, и ја поткревам главата нагоре.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Однекаде слушам, како оддалеку слушам: - Што е, мори Велико, што ти стана, кој те удри? Се обѕрнувам и го здогледувам Лазора Ночески.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
28. Да му се направи добро на својот непријател може да биде праведно дело, и не е тешко; а да се љуби непријателот - тоа е повеќе потфат за ангели, не за луѓе.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На оној што ќе те удри по десниот образ, можеш да му го свртиш и другиот, доколку на тоа не те наведува стравот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
29. Да му се направи добро на својот непријател е најдобар начин да ѝ се угоди на сопствената суета.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
27. Не зборувам ни за одмазди ни за простувања; заборавот е единствена одмазда и единствено простување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)