Оти ако дозволиш да те обезми несреќата, тогаш најлошио крај не ти бега.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ти бегаш, а тој иде по тебе и те преколнува да го тепаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ме догледа и пискотливо ме викна додека ги ширеше рацете како да ме пушта внатре. - Ти бегај. Носиш мачка со себе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
А вака мораш да внимаваш, а мислата ти бега кај црното кутренце.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Ќе ги стасаш, ако внимаваш на часовите и редовно ако учиш - вели татко ми.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Часот се издолжи. Барем во лекцијата да имаше нешто во врска со куче.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Толку ти е мило во душата што при секое посегање да сркнеш од чорбата, лажицата ти бега надвор од ваганот. На несакање ти бега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Е, времето не врви само кога имаш мака. Кога ќе ти позацелат болите. И тоа е јуда. Ти бега како вода.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)