Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
— Чекај, Досто, да те вида, чекај, јагне, да ти се нагледам! — рече замајано и како за себе почна да си зборува, кревајќи ја главата кон таванот на земникот: — Е, е, е, сполај ми ти бре, боженце, кога и јас челад су ти бил, кога и за мене дел си одделил! — и ја гледа право во лицето и ја држи за раменици.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Кој си ти бре, ќерата, шо си се испружил тука како крмнак? — викна Сиве и сакаше да се наведе да го фати за затилок, но во тој момент се исправија пред него Трајко и Толе со навртени пушки во него.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И како што го стегаше сега безопасниот противник, и тој разлабави рацете и веднаш го праша со истиот старавински говор: — Откај си ти бре, вака шо зборуваш нашинцки?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
КАЈМАКАМОТ: Кој си ти бре? АНГЕЛЕ: Мм ... мммм ... мм ... КАЈМАКАМОТ: Д'тка.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Раце налактив на колената, лицето го покрив со дланките и чекам и така чекајќи – го дочекав првиот мрак, не мрдам, чекам и чувствувам како ме тресат морници, по стапалата како да ми лазат мравки и студот сѐ повеќе ми облева образи, прстите ми отрпнуваат, ушите ми горат и полека ме фаќа некаква дремка, ми се присторува дека се губам и не знам што време беше, кога почувствував дека нечија рака ми треси рамо, ме подигна и слушам женски глас да ме праша – кој си ти бре синко?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ами ти бре Силјане, како си сега со татко ти, али го ризаш потроа?
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Моите боси, извалкани прсти, што збунето се покажаа под кожата на десниот чевел, го налутија воспитачот: „Ти бре, што си чекал ти досега?
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)