Сашо: Ама тоа не е вистина. Јас божем ќе те изедам, а ти пак ќе си бидеш жив и здрав.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Синот IV Мене ме обзема ова зајдисонце сино ти пак му го вртиш својот висок грб загледан кон некоја идна зора што само ти ја знаеш.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
- Ти пак лажеш, - ѝ се накара брадјосаниот.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Немаш коњ да го бодниш и да те фрли и ти пак да му простиш откако ќе се врати и со влажни очи ќе застане над тебе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На ливада росна го чекаш ти мај ништо не превземај пивото дај целиот живот кичмата виткај ти пак во Сарај, а тој во Дубаи
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Првото што го рече, кога ја постивна возбуденоста во градите, тоа беа зборовите што ѝ ги промрмори низ заби на жена си: - А ти пак... роднините...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- О мајн гот, вели тој. - Ти пак уживаш во сопствената личотија.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Карабуклијата прв ја прекрати тишината: — Море, побратиме, ти пак ќе ни и испразниш очите, коа шо глеам. Некни беше, сега пак.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)