Тие молчат и јас пак го слушам само кладенчето, поточето. Си ромори, ми ромори во душава.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето возбудено се облекуваа и излегуваа надвор; гледаа во војниците, ги прашуваа каде одат, што се случува, но тие молчеа, ништо не им одговараа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Пратеникот настојуваше да го чуе нивното мислење по сево ова, но тие молчеа, не се искажуваа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
— Здраво, народе, викам, а тие молчат и сѐ така ми стојат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Јавете се бре погани, им викав, а тие молчеа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)