Понекогаш тие игри изгледаа како лежерно потсмевање: кога некој кој веруваше дека е Казанова, го прашуваше за неговите љубовни авантури, или некој кој тврдеше дека е Наполеон, го прашуваше за неговите воени походи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш тие игри беа измачувања, кога доктор Гете ги негираше исказите на оние пациенти кои опсесивно зборуваа за блиските кои ги загубиле, или кога на Ханс, кој секогаш кога ќе го слушнеше зборот „зошто“, удираше со главата од ѕидот, упорно му го поставуваше прашањето: „Зошто удираш со главата од ѕидот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)